Мала Тура
18.10.2009-22.10.2009
![]() |
![]() |
![]() |
1. Ден. Недела. Полетување од Белград за Тел Авив во 19:05 ч. со лет ЈУ 072. Автобуски превоз до Ерусалим (62 км). Сместување во хотел ****.Вечера. Ноќевање.
2. Ден. Понеделник, Појадок, целодневно разгледување на Ерусалим Светите места на Маслиновата гора-почетокот на последното Христово патување кон Голготата, светото место на Вознесението Господовво, Гецименслата градина со црквата на Агонијата, Гецименската пештера, црквата и гробот на Света Богородица и капелата на добродушниот и праведен Јосиф. Во Стариот ќе ги посетиме Литостратус (тврдината Антонија), патот на Христовото страдање (Виа Долороса) црквата на Воскресението со Христовиот гроб, Зидот на плачот-најсветото место на Евреите, Ционската гора со собата на Тајната вечера и гробот на кралот Давид. Продолжуваме во предградието Еин Карем, местото каде се наоѓа црквата на Св. Јован Крстител и Богородичниот извор. Во вечерните часови враќање во хотел, вечера. Ноќевање.
3. Ден. Вторник, Појадок, посета на манастирот Св. Сава - Осветен (Мер Саба) и посета на Витлеем. Во попладневните часови продолжуваме кон Мртво море 400 м. под морската површина, каде ќе има можност за капење. Ручек. Посета на Кумра каде што се пронајдени прочуените свитци. Враќање во хотел, вечера. Ноќевање.
![]() |
![]() |
![]() |
4. Ден. Среда, Доручек. Напуштање на хотелот и поаѓање на север кон Галилеа и Јорданската долина. Посета на реката Јордан и местото каде Св. Јован го крстил Господ Исус Христос. Ручек во Кибуцот Еин-Гев (рибен ресторан). Попладне продолжуваме за Генисаретското езеро каде ќе ги посетиме Капернаум, Теба, Тибериас и останатите места поврзани со животот на Исус, работата со апостолите и чудата кои тамо ги направил. Пристигнување во Тибериас. Сместување во хотел****, вечера. Ноќевање.
![]() |
![]() |
![]() |
5. Ден. Четврток, Доручек. Патувањето го продолжуваме кон Гората Тавор, каде ќе се искачиме на местото на чудесното Преображение, продолжуваме кон Кана Галилејска и Назарет. Разгледување на Назаред, местото на Исусовата младост. Подоцна продолжуваме кон Армагедон (Магиддо), Цезарија, брегот на Средоземното море до Стара Јафа и Тел Авив. Вечера. Во 20:00 ч. се тргнува кон аеродромот Бен Гурион. Полетување кон Белград во 23:45 ч. со лет бр: ЈУ 073.
Цена на аранжманот:
40.050,00 денари
Во цената е вклучено:
- Авионски превоз Белград-Тел Авив-Белград;
- Сместување во 1/2 соби доплата за 1/1 изнесува 9.424,00 денари
- 3 ноќевања на база полупансион (шведска маса) во хотел со 4 * во Ерусалим;
- 1 ноќевање на база полупансион (шведска маца) во хотел со 4* во Тивериади;
- Автобуски превоз за време на целата тура со клима;
- Автобус до манастирот Св. Сава;
- Такси превоз до планината Тавор;
- Овластен водич за 5 дена (на Српски или Англиски јазик);
- Возење со чамец по Галилејското езеро;
- Влезници за посета по програмата;
- Еден ручек во Кибуц во Еин-Гев- Јорданската Долина и еден во Кумран;
- Една вечера во Јафа
- Бакшиши за возачот, водичот и хотелскиот персонал
Во цената не е вклучено:
- Аеродромски такси 6,324.00 денари
- Осигурување
- Манипулативни трошоци 620.00 денари
Хотелите се со 4 * во самите хотели има ресторани, кафетерии. Сите соби се опремени со ВЦ, клима, кабловска, фен за коса. Исхраната е на база полупансион (buffet-a).
Минимален број за реализација 26 патници. Деца плаќаат како возрасни.
Организаторот го задржува правото за измена на програмата и цената.
Програмата е работена во согласност на правилата на Холидеј Компани, Ер лифт и СКТМ.








