Голема Тура
![]() |
![]() |
1. Ден Недела. Полетување за Тел Авив во 18:50 часот со лет ЈУ 072, слетување околу 22:45 часот по локално време. Автобуски превоз до Нетанија. Сместување. Ноќевање.
2. Ден Понеделник. Појадок, разгледување на Цезарија каде што ќе видиме значаен археолошки локалитет од времето на Царот Ирод, од времето на римските освојувања и крстоносните походи. Продолжуваме кон местото на Христовата младост Назарет и Кана Галилејска, местото каде што Исус го направил првото чудо. По поладневните часови продолжуваме кон Гората Тавор, место на чудесното Преображение. Враќање кон местото Тивериади со попатна посета на Галилејското езеро.Сместување. Вечера. Ноќевање.
![]() |
![]() |
![]() |
3. Ден Вторник. Појадок, посета на Галилејското езеро, каде што ќе ги посетиме сите значајни места околу патувањето на Исус со своите ученици (Капернаум, Теба, Гората на Блаженството). Тамо ќе имаме можност да се повозиме со брод кои наликуваат од времето на Исус. Ручек во Кибуцот Еин-Гев (рибен ресторан). Во попладневните часови ќе посетиме една голема и добро сочувана црква од византиско време. Тоа е единствена црква која е зачувана во оригиналната верзија и на неа не е ништо преправано. Целиот комплекс е Национален парк “Курси“ каде покрај рушевините од големите цркви постојат остатоци од мали капели од истиот период, каде според Евангелието се одиграла драма со изгонување на ѓаволот. Во вечерните часови го посетуваме местото каде Св. Јован го крстил господ Исус Христос на реката Јордан. Враќање во Тивериади. Вечера. Ноќевање.
4. Ден Среда. Појадок, Тргнуваме кон Јорданската долина, посета на Бет Шен, населба која е овде над 3500 години. Римјаните и Византиците тука имале свои населби. Продолжуваме кон Јерихону, најстариот град на светот, кој подпаднал во рацете на децата Изралиеви, во стариот завед тоа е подробно опишано. Посета на грчкиот манастир Карантал местото на искушението господово. Пред да влеземе во Ерусалим, ја посетуваме Витанија и куќата на Марија и гробното место Четиридневно Воскресение Лазарово. Вечера. Ноќевање.
![]() |
![]() |
![]() |
5. Ден Четврток. Појадок. целодневно разгледување на Ерусалим Светите места на Маслиновата гора-почетокот на последното Христово патување кон Голготата, светото место на Вознесението Господовво, Гецименслата градина со црквата на Агонијата, Гецименската пештера, црквата и гробот на Света Богородица и капелата на добродушниот и праведен Јосиф. Во Стариот ќе ги посетиме Литостратус (тврдината Антонија), патот на Христовото страдање (Виа Долороса) црквата на Воскресението со Христовиот гроб, Зидот на плачот-најсветото место на Евреите, Ционската гора со собата на Тајната вечера и гробот на кралот Давид. Продолжуваме во предградието Еин Карем, местото каде се наоѓа црквата на Св. Јован Крстител и Богородичниот извор. Во вечерните часови враќање во хотел, вечера. Ноќевање.
6. Ден Петок. Појадок. Целодневен излет на југ и посета на манастирите Св. Теодосиј и Св. Сава - Осветен (Мер Саба). Двата манастира се од првите монашки заедници кои денес се во сопственост на грчките монаси. Тука се и “Пастирските полиња“, чии жители први го објавиле раѓање на спасителот. Враќање во Витлеем родното место на Исус, каде што ќе ја видиме најстарата црква во Палестина во чест на Светиот Цар Константин и Царицата Елена. Посета на црквата Св. Јеронима, кој прв ја превел Библијата. Враќање во хотел, вечера. Ноќевање.
![]() |
![]() |
![]() |
7. Ден Сабота. Појадок. Прошетка низ Ерусалим. Посета на Сионската гора и гробот на Царот Давид, местото на Тајната вечера и местото каде е укопоена Богородица. Продолжуваме кон Масада долж Мртвото море, место на легендарното страдање на римските легии. Искачување на врвот на Масада со модерна жичара. Во попладневните часови враќање на Мртво море каде што е предвиден ручек и одмор со бањање. Посета на музејот „Тајната на Кумранот„. Враќање во хотел.Вечера.Ноќевање.
8. Ден Недела. Слободно претпладне, време предвидено за литургија, исповед и причест. Во манастирот Св. Марија Магдалена, јеромонах е Србин. По службата со љубезното сестринство ке извршиме разговор. Напуштање на хотелот во попладневните часови. Посета на Емаус, село каде што господ по воскресението вечерал со Св. Лука и Св. Клеопом. Продолжуваме кон Лиде каде што е гробното место на Св.Великомаченик Георгиј. По попладневните часови доаѓаме во Јафа, прошетка. Околу 20:00-20:30 часот се тргнува кон аеродромот во Бен Гурион, во 23:30 лет за белград, ЈУ 073
![]() |
![]() |
![]() |
Цена на аранжманот:
Во припрема ! ! !
Во цената е вклучено:
- Авионски превоз Белград-Тел Авив-Белград;
- Сместување во 1/2 соби доплата
- 7 ноќевања на база полупансион (првата вечeр нема вечера) 4 *;
- Автобуски превоз за време на целата тура со клима;
- Автобус до манастирот Св. Сава;
- Такси превоз до планината Тавор;
- Овластен водич за 8 дена (на Српски или Англиски јазик);
- Возење со чамец по Галилејското езеро;
- Влезници за посета по програмата;
- Еден ручек во Кибуц во Еин-Гев- Јорданската Долина и еден во Кумран;
- Една вечера во Јафа
- Бакшиши за возачот, водичот и хотелскиот персонал
Во цената не е вклучено:
- Аеродромски такси 5,828.00 денари
- Осигурување
- Манипулативни трошоци 620.00 денари
Програмата е работена во согласност на правилата на Холидеј Компани, Ер лифт и АТАМ.













