Израел

 

Што да се каже за оваа земја, земја која постои од 14 мај 1948 година, а сепак тука одсекогаш постоела. Земја на Адам, Ное, Мојсеј, Давид и пред се на Синот Господов - Исус Христос......, Земја на сите нас......, Земја на Стариот завет......, Евангелието......, Ветена земја, Чудесна земја, Земја на духовниот мир, Света земја, Земја на Евреи, Арапи, Мисирци, Ермени. Земја на сите религии и јазици. Земја на Раѓањето и Воскресението, Земја на соништата, Земја на сите луѓе. Земја на земјата.
Тука, за момент скриената моќ на овој простор, ќе ја осетите и ќе го поврзете времето од создавањето на светот до денеска.

Во Јафа се работи, во Тел Авив се ужива, во Ерусалим се моли.